Автобусот на компанијата „Дурмо-Турс“ што вчера излета од автопатот Скопје-Тетово се извлекува од местото на несреќата и ќе биде префрлен во кругот на касарната Ѓорче Петров, каде што ќе се изврши негово вештачење.

На местото на настанот во текот на претпладнето инспектори и екипи на МВР вршеа увид и ги разгледуваа околностите под кои се случила несреќата.

Премиерот Заев, за време на неговото обраќање на комеморацијата во Гостивар рече дека наскоро ќе има информации околу причините за несреќата.

Трагичната несреќа во која животот го загубија 14 лица се случи вчера попладне, околу 17:00 часот. Од засега непознати причини автобусот излетал од патот и се превртел.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...