Љубовта не е патување во еден правец во бајковита земја каде што не постојат проблеми, туку се е идеално и розево.

Знаете што? Не постои такво место никаде. Не постои место каде што сите се согласуваат цело време.

Па, ние луѓето не знаеме сами со себе да се согласиме, а не пак со друга личност.

Ниту еден пар, никогаш никаде не се согласува постојано, без разлика како се прикажува пред луѓето.

Не постои врска каде што никој не е повреден од нечија постапка, збор, дело.

Но, тоа е во ред, не ви треба приказна со среќен крај, ви треба среќен живот.

Тоа што ви треба е партнер кој ќе ве разбере вас, ќе разбере кои се вашите потреби, ќе знае и ќе очекува дека доаѓаат тешки времиња во врската, без разлика дали е брачна или не.

Во вашата врска секако ќе има болка, без разлика дали се сакате премногу. Љубовта не ја брише болката, не ве штити од тешкотиите, но ви помага да бидете еден покрај друг и да знаете дека секогаш ќе ја имате поддршката.

Љубовта не е секогаш забавна, без разлика колку уживате во меѓусебното друштво, шеги, забавни моменти. Секој од нас, знае да биде лош човек повремено.

Вие и вашиот партнер, ќе бидете неуспешни како двојка понекогаш, ќе се чувствувате лошо, нема да сакате да бидете во иста соба. Нема да можете да се разберете, ќе викате еден на друг и ќе си кажете лоши зборови за кои подоцна ќе зажалите.

Човекот кој ви го ветил срцето ќе ви го скрши многу пати.

Но, после секое разочарување, секое скршено срце постои нова сила која се буди и ве враќа назад – се додека сте посветени еден на друг и се додека и двајцата го знаете тоа. Ако верувате дека секоја грешка и сопка е можност да се придвижите напред со големи чекори, тогаш ќе успеете како двојка, како пар.

Очекувајте проблеми во врската. Колку повеќе сте подготвени за проблеми, толку подобро ќе се позиционирате во однос на тешкотиите кои доаѓаат и ќе ги надминете. А за тоа ќе Ви треба човек што ќе биде еднакво подготвен како Вас.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...