Основниот проект на Универзитетот Мајка Тереза сè уште не е завршен. Ректорот Азиз Положани пред 7 месеци вети дека проектот ќе биде завршен на почетокот од мај. Но, од Ректоратот на овој универзитет сега велат дека причина за застојот на проектот е експропријацијата на просторот каде што се очекува да се гради објектот.

„Постои клаузула за можни доцнења бидејќи има доцнења кои не зависат од нас, на пример имаме 9.000 квадратни метри кои се уште не се експроприрани. Паралелно со ова време, кога треба да се реализира проектот, а му требаат 4 до 5 месеци, ние сакаме да ги имаме документите со Министерството за образование, за во меѓувреме да го решиме проблемот со експропријацијата на земјиштето, за кога ќе дојдеме до крајот на мај или април, таа работа да биде решена, така што да немаме проблем. Бидејќи тоа може да биде причина за одложување на проектот повторно, за што не би биле воопшто среќни“, изјави Азиз Положани, ректор на Универзитетот, Мајка Тереза.

Во договорот потпишан помеѓу Универзитетот Мајка Тереза и фирмата која го подготвува основниот проект, БХ Архитектс се наведува дека за секој ден задоцнување, фирмата ќе биде обврзана да плати 0,2% казна од вкупниот износ на проектот кој вкупно чини речиси милион евра. Но, од универзитетот за Алсат-М писмено информираа дека експропријацијата на земјиштето сé уште трае. Затоа, според нив, рокот од 6 месеци за имплементација на проектот ќе стапи во сила од времето кога ќе бидат исполнети сите услови.

Универзитет “Мајка Тереза”:

„Ние го објавивме договорот како универзитет и веруваме дека секој детаљ е разјаснет, но во однос на вашето прашање повторуваме дека рокот на договорот е 6 месеци откако ќе се комплетираат сите релевантни документи (мислења, согласности, прелиминарни одлуки од релевантни институции поврзани со ова прашање). Ако релевантните документи доцнат, тогаш и крајниот рок исто така ќе може да се ревидира во однос на времето на доцнење предизвикано од овие причини.“

Но, сосема поинаку е наведено во договорот потпишан помеѓу универзитетот и фирмата – проектант, каде не се споменати вакви услови, освен датумот 3 ноември 2017 година кога бил и потпишан договорот.

Договор меѓу УМТ и „БХ Архитектс“:

„Добавувачот е должен работата за предметот на овој договор да ја заврши во роковите утврдени со договорот бр. 05-491/2 од 3 ноември 2017 година. Доколку добавувачот не ги исполни своите обврски во пропишаниот рок, тој е должен да му плати на клиентот надомест од 0,2% од вредноста на овој договор. Освен казните, на клиентот исто така мора да му се плати штетата за доцна завршената работа.“

До клуч на рака целиот универзитетски комплекс се очекува да чини околу 25 милиони евра. Само основниот проект чини 3% од вкупниот износ. За основниот проект беше потпишан договор без објавен тендер, а ректоратот не сака да го сподели со јавноста записникот од одлуката. Договорот што беше доделен без тендер изнесуваше 57 милиони денари. По евентуалното завршување на постапките за експропријација и основниот проект, изградбата се очекува да трае од 3 до 5 години.

Бесијан Лека

Shpërndaj me