Партиите не треба да лицитираат со предлози бидејќи повеќето партии односно најголемите политички партии се дел од Владата и имаат претставници во владата за да ги предложат сите мерки за коишто сметаат дека може да има корист од нив, рече вицепремиерот од редовите на ДУИ, Бујар Османи, во одговор на  новинарско прашање дали неговата партија има предлог за справување со економската криза со оглед на тоа дека не се согласува со предлогот на СДСМ за кратење на платите на администрацијата.

Конкретно за платите на администрацијата, рече тој, ДУИ смета оти таквата мерка не треба да биде прва, туку може да се разгледаат и други варијанти без дополнително да се предизвикува лична траума кај семејствата.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...