Екипата на Шкендија постави нови параметри во домашниот фудбал. Под палката на Ќатип Османи, тетовскиот клуб постигна неверојатни 28 победи. Шкендија има 88 поени односно 32 повеќе од Вардар. Се очекува, црвено – црните од Тетово да го поминат прагот од 90 поени додека три погодоци ги делат од 100 голови во една сезона. Тренерот Османи е задоволен од ангажманот и најави дека екипата ќе го даде максимумот на следните две средби. Шкендија на 23 мај ќе го игра финалето на Купот на Македонија против Пелистер.

Среќен сум со победата, со убедливата игра и сакам да им честитам за настапот и резултатот. Шкендија ќе продолжи до самиот крај да игра во стил, значи одиме на победа. Не дека не не интересираат статистиките, но не се во прв план. Така да, Шкендија ја чека натпревар со Пелистер, еден во првенството, а другиот во финалето на Купот. Сигурно дека сме оптимисти за следните два натпревара“, изјави Ќатип Османи- тренер на ФК Шкендија.

Shpërndaj me