Успеавме затоа што заслуживме, рече вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, на заедничката прес конференција со техничкиот премиер, Оливер Спасовски и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, по повод одлуката за почеток на преговорите со ЕУ.

„Денешната одлука на земјите членки да ѝ дадат зелено светло на Република С. Македонија за почеток на преговорите не претставува никаков подарок, ниту чиста политичка одлука. Напротив, оваа одлука е признание за суштинскиот напредок на земјата“, рече Османи.

Како што кажа Османи, Европската комисија веќе има целосно одврзани раце да почне да ја формира таканаречената преговарачка рамка за земјава по што ќе се организира и првата меѓувладина седница што ќе претставува и официјален старт на преговорите.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...