2019 година ќе биде година на жнеење на успесите посејани во 2018 година. Со овие зборови вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи најавува што ќе се случува годинава. Во интервју за Алсат, Османи истакна дека во 2019-тта ќе се случат два важни процеси – уставните измени и добивањето датум за преговори со ЕУ. (Изјава)

„Во 2018 сеевме, а во 2019-та ќе жнееме, се надевам резултатите од тоа што го направивме во 2018-та бидејќи ги чекаме двата најважни моменти од тоа што го нареков жнеење, а тоа се интегрирањето во НАТО и почетокот на преговорите за Европската унија. Тоа нема да бидат лесни предизвици, но потсетувам дека толку инвестиравме во 2018-та, така што предусловите се создадени. Се надевам дека нема да има пречки во поглед на филибастеринг или во поглед на техничките пречки во Парламентот. Не е добар пример тоа што се случи со Законот за борба против корупцијата, за антикорупција бидејќи требаше да се донесе до крајот на декември, но ВМРО-ДПМНЕ со неколку дополнителни барања го задоцни овој процес. Сега сме во тесен временски период затоа што претседателските избори треба да бидат распишани на почетокот на февруари. Нас не треба да не најдат уште едни избори без антикорупциска комисија. Некои постапки се преземени во функција на успешното имплементирање на најголемиот приоритет верувам дека и Брисел ќе има разбирање за околностите тука и за внатрешните контексти, особено имајќи го предвид тоа дека овие мерки се преземени во рамките на црвените линии кои ги определивме претходно“, рече вицепремиерот Османи.

Кои се тие црвени линии?

Црвените линии се да не се промовира принципот на неказнивост. Мислам дека тоа е основен принцип за една земја која претендира да се зачлени во Европската унија. Затоа и доколку го погледнете начинот на кој е конципиран законот за амнестија тој е за да ги амнестира оние категории кои не биле организатори и не биле вршители на насилство со што и го обезбедуваме процесот.

Јас ќе бидам искрен тука дека овој закон е во функција на обезбедување на најважниот процес на земјата во последните три децении, но зачувувајќи го принципот дека не смее да има неказнивост. Затоа, сите насилници и организатори ќе одговараат пред законот. Сега, има некои моменти кои не зависат од нас, тоа е прашањето на изборите во Европскиот парламент, се зборува дека годишниот извештај за Македонија, кој вообичаено, според новиот календар, се објавува во април, овој пат ќе биде објавен по изборите таму, што значи на почетокот на јуни.

Ова малку го стеснува времето од објавувањето на извештајот, па сè до датумот на Советот, кога треба да се определи одлуката за Македонија и ќе останат само 20 дена. Романското претседателство има голем предизвик пред себе, тоа е прашањето на Брегзит бидејќи во март треба да се ефектуира во зависност од исходот на договорот и како ќе помине во британскиот Парламент, но тоа е нешто тешко за менаџирање и тоа ќе биде главниот приоритет.

Вториот приоритет на романското претседателство ќе бидат парламентарните избори за Парламентот на Европската унија. Тука веќе се разбира дека предизвикот, битката е меѓу евро-скептиците и евро-поддржувачите и се разбира дека доколку резултатите на популистите и евро-скептиците доминираат во Европскиот Парламент, тоа ќе ја отежни одлуката на Советот за проширување.“

Loading...

Shpërndaj me

Loading...