Владата го враќа во живот ТЕЦ Осломеј, енергетскиот објект кој повеќе години се сметаше за споменик на едно време бидејќи беше вон функција. Неговото повторно пуштање ќе чини седум милиони евра со кои ќе се изгради фотонапонска централа. Парите, односно шест милиони се обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој, а еден милион од државната каса. Електраната ќе има 15  гигаватчасови моќ, кои ќе бидат доволни за годишна потрошувачка на 2.000 домаќинства, вели директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски.

Овој проект е значаен за нашата компанија не само поради енергетските вредности , миѓутоа и од социјален аспект, нормално и во делот на животната околина. Овој проект е предвидено да се изгради на веќе постоечкиот рудник во околината на РЕК Осломеј на 15 хектари земјиште со нова фотоволтаична електрана“- изјави  Драган Миновски, директор на ЕЛЕМ.

Од Европската банка за обнова и развој ја поздравија оваа инвестиција со укажување дека е добро тоа што се вложува во обновливи извори на енергија во време кога цела земја е презагадена. Вицепремиерот Кочо Анѓушев најави  изградба на поголем број фотоволатици кои ќе произведуваат од 30 до 40 мегават часови електрична енергија.

Ние како држава немаме нафта, немаме гас, јаглен имаме уште ограничени резерви. Значи она што го имаме како неисцрпен извор е сонцето а за жал до сега тоа беше искористено за само 16 мегавати“- рече Кочо Анѓушев вицепремиер за економски прашања

Во моментов во Осломеј работат илјада лица. Тие ќе добијат соодветна пракса и дообука за новиот начин на функционирање на електраната.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...