Два дена по упадот во Собранието и нападот врз неколку пратеници Јавното обвинителство на Република Македонија не кажува колку насилници привеле или сосушале. Иако уште завчера цела јавност препозна неколкумина од напаѓачите, истрагата вели дека сеуште работат на идетификација.

„Бројот на лицата лишени од слобода, конкретните дејствија на истражните органи, како и натамошните дејствија кои ќе бидат преземени, јавното обвионителство ќе и ги соопшти на јавноста кога ќе се создадат услови за тоа и откако надлежните јавни обвинители ќе завршат со првично утврдување на фактите.“ – соопштија од Основното јавно обвинителство, Скопје

Според неофицијални но кредибилни информации од МВР, скопското обвинителство до овој момент не наредило лишување на слобода на ниту едно лице во врска со настаните од завчера. Сигурно е и дека веќе се на слобода 8-те лица кои полицијата сама ги уапси при нередите. Официјално од скопскиот кривичен суд велат дека до синоќа на полноќ, Јавното обвинителство не побарало никави мерки за нив, како на пример притвор или барем одземање на патна исправа.

Анонимни извори од јавното обвинителство брифираат и дека целиот случај веројатно ќе се води како „учество во толпа“, што е кривично дело, но за него има многу помала казна отколку ако случајот се води за обид за убиство или други кривични дела кои беа направени завчера. Официјално, обвинителство вели сето ова е шпекулација, но велат и дека се уште не е утврдено за кое кривично дело ќе се товарат демонстрантите.

„ Поставувањето на конкретната правна квалификација за секое лице  за кое ќе се утврди дека сторило кривично дело ќе биде сторено откако ќе се собере потребниот доказен материјал одделно за секое лице инволвирано во кривично правните настани и по утврдување на фактите.“

АЛСАТ М праша во СДСМ дали било кој од нивните истепани пратеници бил повикан да даде исказ како жртва во насилствата. До овој момент, велат од таму, такво нешто нема. Неофицијално, како жртви во насилството, до овој момент на исказ биле повикани само полицијаците.

Сите овие детали, оставаат впечаток дека стартот на истрагата за настаните од завчера ниту оди брзо ниту пак оди кон одлучно санкционирање на оние кои влегоа во Законодавниот дом и ги тепаа пратениците.

Алсат М

Loading...

Shpërndaj me