Вилма Рускоска да ја наследи Катица Јанева. Премиерот Зоран Заев го презентираше новиот текст за законот за обвинителство. Предлогот е тимот на СЈО да се интегрира во Обвинителството за организиран криминал, а новото име да биде „Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција“.

„Ова обвинителство ќе има надлежност на територија на цела територија на Северна Македонија и ќе ги има гаранциите за самостојност во делувањето кое одговараат во најголем дел на досегашната позиција на СЈО, а сепак се во субординација со државното обвинителство. Новото обвинителство за гонење организиран криминал ќе биде водено од обвинителката Вилма Рускоска која има мандат и во моментов го води обвинителството за организиран криминал и корупција, а сите обвинители од СЈО ќе продолжат да работат во новото обвинителство. Нивниот мандат е до 15 – ти септември, но имаат право на реизбор“, рече Заев.

Според новиот текст, во новото обвинителство треба целосно да прејде тимот на СЈО – обвинители, истражители, како и архивата и сите материјали. Заев гарантира дека законот предвидува финансиска независност на новото обвинителство.

„Вградивме одредба согласно која, првиот човек може да се разреши единствено со двотретинско мнозинство од вкупниот број на членови на Советот на јавни обвинители. Тоа значи никој политички фактор не може да влијае на неговото работење, избор, именување и разрешување“, додаде Заев.

Заев текстот на законот следната недела ќе го достави до Собранието, но и до сите политички партии. Премиерот рече дека сега не постои причина ВМРО – ДПМНЕ да го кочи законот за обвинителство, а како дополнителен аргумент ја посочи оставката на Катица Јанева. Заев верува дека во Собранието има услови да се постигне двотретинска поддршка за законот да се изгласа.

Бојан Стојановски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...