Осамност, чувство од кое сите се плашиме и не сакаме да помислиме, а камо да го имаме постојано. Но, психолозите на оваа тема излегуваат со нови резултати и заклучоци кои велат дека осаменоста не само што е заразна појава, туку и главен виновник за срцеви проблеми, зголемување на стресот, депресија и слично.  Квалитетниот однос со пријателите од друга страна пак, помага во намалување на овие опасности, се зајакнува имунитетот.

Осаменоста може да биде заразна. Како? Ако една личност се чувствува осамено во група луѓе, енергијата може да се пренесе на остатокот од друштвото. Истражувањатo покажуваат дека ако некој е осамен, неговите блиски пријатели и семејството имаат 52 % шанси и тие да почнат да се чувствуваат на тој начин.

Осамeноста не еvчувство од кое треба да се срамат луѓето. Тоа е начин накој телото покажува дека му е потребно подобрување на односите со околината, за да се врати во форма.

Луѓето кои константно се осамeни, а имаат голем круг на пријатели, за нив истражувачите велат дека во тие случаи е потешко да се воспостави блискот. Подобро е да се има помалку, но поблиски пријатели, отколку луѓе со кои не можете да создадете блискост.

Чувството на осаменост се зголемува со текот на годините, затоа психолозите препорачуваат секогаш да се биде во вистинско друштво, макар тоа значело и само еден човек плус во вашиот живот кој прави да се чувствувате важно и посебно.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...