Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, денеска во интервју за унгарското радио „Кошут“, изјави дека Европската унија настојува на Унгарија да и го одземе правото да ги заштитува сопствените граници.

„Тие сакаат од Брисел да испратат платени војници кои ќе пуштаат мигранти во Унгарија“, рече Орбан.

Според него, извештајот е мотивиран со ултиматум кој германската канцеларка, Ангела Меркел, го претставила на состанокот со францускиот претседател, Емануел Макрон, а според кој земјите што се наоѓаат на надворешните граници на европскиот блок треба да се откажат од некои надлежноски околу контролата на границите и да му ги предадат на Брисел.

„Планот е, ако не успеат да ја присилат Унгарија да прими мигранти, да и го одземат правото за контрола на сопствените граници“, оценува Орбан.

Агенцијата „Ројтерс“ пренесува дека унгарската влада во понеделник ќе донесе одлука за правните чекори што би можело да ги преземе откако во средата Европскиот парламент го активираше членот-7 заради непочитување на регулативата на ЕУ во поглед на демократијата, граѓанските права и корупцијата.

Loading...

Shpërndaj me