Денеска во скопската општина Бутел беше пуштена во употреба нова мобилна станица за следење на квалитетот на воздухот. Таа е дел од националната мрежа. Нејзината изградба е обезбедена со финансиска помош од европските ИПА фондови.

Автоматското следење на квалитетот на воздухот ќе ни овозможи да создадеме историска база на податоци преку која ќе имаме можност да правиме анализи и да ги предвидуваме трендовите кои се во функција на здравјето на нашите граѓани“, изјави Садула Дураку, министер за животна средина

Овој проблем беше оставен во заборав подолго време и стана сериозен проблем за сите граѓани на земјава. Ова е проблем кој ги засега сите. Токму денеска, овој прекрасен сончев ден не треба да не излаже за проблемот да го решаваме подоцна. Не треба да чекаме да дојде следната зима за да почнеме да ги спроведуваме мерките против загадениот воздух. Мислам дека не треба само да ги гледаме алармантните бројки, треба сега да почнеме за овој проблем да биде решен еднаш засекогаш“, вели Самуел Жбогар, амбасадор на ЕУ

Shpërndaj me