Никако да се започне со изградба новиот училишен објект за учениците од Идризово, проект ветен од локалната власт и од Владата на СДСМ и ДУИ. Работните запреа во почетна фаза. Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски рече дека очекува одговори од Министерството за образование.

Георгиевски призна дека проектот е копиран од училиштето Вера Јоциќ, но рече дека станува збор за иста област и за иста цел.

Министерот за образование Арбер Адеми изјави дека документацијата што ја добиле не може да се реализира во селото Идризово, бидејќи, според него, не одговара на локацијата за градба и за бројот на ученици кои треба да учат во новата училишна зграда.

Арбер Адеми, министер за образование и наука

„Ни треба комплетирана техничка документација во согласност со локацијата каде ќе се гради училиштето, во согласност со потребите и спецификите на село Идризово, во однос на зголемување на бројот на ученици и потребна ние градежна дозвола што ја немаме. Со туѓ проект не може да изгради училиште, заради една основна причина, прво заштита на авторските права, а потоа и други причини“.

На 2 октомври минатата година, владата ја поддржа изградбата на нова училишна зграда во селото Идризово, давајќи и конкретни обврски на општина Гази Баба, за да ја обезбеди потребната документација за реализација на проектот за изградба на новото училиште, и на тој начин да биде решено образованието на учениците Албанци од ова село.

Alsat

Loading...

Shpërndaj me

Loading...