Земјите од Западен Балкан треба да покажат поголем напредок во владеењето на правото, слободата на медиумите и борбата против корупцијата. Соработката помеѓу земјите од регионот и пошироко е најдобар механизам за спречување на тероризам, екстремизам, трговија со луѓе и оружје. Овие беа заклучоците од Форумот на министри за правда и полиција на земјите од Западен Балкан. Министерот за внатрешни работи на Финска, Марија Олисало, земја која претседава со Советот на ЕУ, оценува дека Северна Македонија и Албанија постигнале напредок, но реформите треба да се продлабочат и понатаму.

“Сите критериуми за членство мора да бидат исполнети, особено реформите во владеењето на правото се неопходни. Особено сакаме поголем напредок во слободата на медиумите, борбата против корупцијата и организираниот криминал. Ние го поддржуваме започнувањето на преговорите со двете земји. Го сметаме како конструктивен напредокот на Северна Македонија и Албанија во горенаведените прашања”-изјави Марија Олисало, министер за внатрешни работи, Финска

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, оценува дека ефективноста во борбата против тероризмот и екстремизмот може да се постигне само преку соработка меѓу земјите во регионот и меѓународните институции. Спасовски додава дека најголемата опасност во земјата е враќањето на учесниците во странските војни.

За борбата против тероризмот, екстремизмот, корупцијата и трговијата со луѓе да биде ефикасна, еврокомесарот Димитрис Аврамопулос изјави дека ЕУ мора да ги приклучи и  земјите од Западен Балкан, наместо да се плаши од нивното членство.

“Единствената и најсигурна иднина за целиот регион е европската, бидејќи овие земји се дел од Европа. Сакам да им кажам на моите колеги од ЕУ кои се двоумат и се плашат од овој процес дека треба повеќе да се плашат од спротивното на овој процес и да се оддалечат од нашите најблиски партнери”-рече Димитрис Аврамопулос, еврокомесар.

На Министерскиот форум се разговараше и за заедничката гранична контрола, справувањето со мигрантите, судските реформи, изборните реформи, итн.

Адријан Керими                           

Loading...

Shpërndaj me

Loading...