Поранешниот еднодневен министер за внатрешни работи, Оливер Андонов и  официјално е именуван за директор на резерватот „Јасен“. Неговото именување е објавено на официјалната страна на Централен регистар. Алсат М пред неколку дена информираше дека Андонов на директорското место во „Јасен“ е именуван директно од претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов. Иако во јавните претпријатија, директорите се именуваат од Владата, во објекти од посебен карактер како што е „Јасен“ каде и се наоѓаат бункерите на АРМ, кога нема Влада, надлежноста за именување преминува кај Претседателот. Андонов на оваа позиција доаѓа по повлекувањето на претходниот директор, Сашо Бановски. Во последниот број, неделникот Фокус информираше дека претседателот Иванов во бункерите на „Јасен“ подготвува терен за засолнување на воениот и државниот врв со нивните семејства. Според Фокус, подготовките на Иванов доаѓаат во случај да се избере Претседател на Собранието и да има избор на нова Влада од новото мнозинство. Ова според Иванов би било државен удар и основа за прогласување на вонредна состојба. Според „Фокус“, Иванов од бункерите на „Јасен“ ќе нареди апсење на наводните опозициски пучисти. Бункерите на резерватот „Јасен“ располагаат со голем капацитет за сместување и чување резерви на храна, сала за состаноци и телекомуникациска опрема. Овие бункери АРМ ги наследи од поранешна ЈНА.

Адријан Керими

Loading...

Shpërndaj me