Електричен велосипед, мислам дека би можеле да направиме електричен велосипед. Но, не ромобил. Некои луѓе сакаа да направат електричен ромобил, но реков не. Му недостасува достоинството“, изјави Маск во интервју за Recode.

Кога во Tesla би можеле да поработат на електричен велосипед, не е познато. Но, затоа Маск дава увид на она што се случувало во Tesla оваа тешка 2018 година.

Тој признава дека настаните од оваа година оставиле белег врз него, компанијата и работниците.

„Ова беше најлошата година од мојата кариера. Се чувствувам како да сум остарел пет години“, рече Маск, но, исто така, открива за што бил најмногу вознемирен.

„Моравме да ги поправиме грешките во системот за производство на Model 3, а беа многу. Сите мораа да помогнат, целиот тим“, вели Маск.

Loading...

Shpërndaj me