Од почетокот на 2020 на банкнотите од 500 денари ќе ги има новото име Народна банка на Северна Македонија, а од вторта половина на следната година ќе бидат заменети и книжните банкноти од 10 денари со новото име. Од Народната банка велат дека пуштањето во оптек на парите со новиот назив на институцијата, ќе го вршат постепено во рамки на редовните нови емисии, имајќи го предвид природниот животен век на парите кои веќе циркулираат во оптек и водејќи сметка за макроекономската стабилност.

„Доколку постапките за јавни набавки завршат во предвидените рокови, очекуваме книжните пари со апоенска вредност од 500 денари со новиот назив на институцијата да се пуштат во оптек на почетокот на 2020 година, додека книжните пари изработени од полимер со апоенска вредност од 10 денари да се пуштат во оптек во вториот квартал од 2020 година„

Од Нродната банка велат дека нема да има нови трошоци за промена на банкнотите бидејќи ќе биде во рамки на редовната замена на старите со нови банкноти.

„Промената на називот на институцијата ќе се врши при секоја поединечна редовна набавка на пари, во количини коишто се неопходни за замена на постојните изданија на книжни и ковани пари коишто се повлекуваат од оптек заради губење на нивните карактеристики за соодветност за оптек, како и заради обезбедување и одржување континуитет на воспоставениот стабилен процес на снабдување со готовина„

Согласно Договорот од Преспа Владата донесе одлука за промена на имињата на 136 институции. Некои добија додавка „северна“, а некои „национална“. Согласно оваа одлука новото име на Народната банка на Македонија се промени во Народна банка на Северна Македонија.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...