Премиерот Зоран Заев, министерот за финансии Драган Тевдовски и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, денеска го најавија стартот на проектот за поврат на 15 отсто од ДДВ кај граѓаните од 1 јули, а првата исплата на нивните трансакциски сметки ќе биде во декември. Едно четиричлено семејство нема да може да добие поврат поголем од 28.800 денари, односно најбогатите тука ќе бидат ограничени.

„Важно е  дека оваа мерка ќе биде еднаква за сите, односно ќе има лимит за богатите. Секој може да си направи математичка пресметка. Секој ќе добие 27 денари на платена сметка од 1.000 денари.Тоа се 15 отсто од платен ДДВ од 18 отсто на фискална сметка. Проценките се дека даночната евазија е 30 отсто, сега ќе биде помала. Исплатата е дури во декември за да ги тргнеме сите недостатоци кои би се појавиле, иако верувам дека системот е многу добро поставен. Најдобро е секој да си има своја евиденција, но доколку некој не може да се снајде со сметките, може да му ги дава на роднина или друг близок и да побара помош од него. Важно е да не се остави простор на сивата економија, која реално прави огромни штети. Нашите пресметки се дека кај граѓаните на овој начин ќе се вратат 50 милиони евра според нашата проекција на буџетот. Овое средства ќе бидат силна мотивација за граѓаните, бидејќи знаат дека со овие дополнителни средства ќе решат одредено буџетско прашање, како напривен снабдување со огрев за грејната сезона“, рече премиерот Заев./Faktor.mk

Loading...

Shpërndaj me

Loading...