Од септември цената на приклучок на електрична енергија на ново изградени објекти се намалува за 100 евра. Од Регулаторната комисија за енергетика посочија дека   во крајна фаза е изработката на новиот ценовник со кој трошокот за стандарден приклучок на  електрична енергија ќе се намали од 500 на 400 евра. Оваа одлука би можела да влијае и брз цената на становите бидејќи според регулаторот на тој начин би се намалил и трошокот на инвеститорите во бизнисот со изградба на згради.

„Го зголемиме и опфатот на стандардни приклучоци со цел да има поголем број на граѓани кои при приклучувањето на своите куќи ќе можат да ги намалат своите трошоци за приклучување на мрежата. Очекуваме намалувањето на стандардниот приклучок да има влијание и на инвеститорите кои градат згради во земјава, бидејќи реално ќе им се намалат трошоците за 100 евра од стан што треба да се одрази и врз цената на становите“, рече Марко Бислимовски претседател на РКЕ.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...