Првиот тендер за доделување државни локации за изградба на фотоволтаици ќе биде објавен во понеделник. Тендерот ќе трае 60 дена, а се однесува за 35 мегавати фотоволтаични електрани. Како што информираше вицепремиерот Кочо Анѓушев, на тендерот се даваат две локции државно земјиште во Македоски Брод за инвестиции во фотоволтаици од вкупно 10 мегавати и во Свети Николе каде што ќе бидат овозможени иневстиции од 25 мегавати струја. Локациите се поделени во парцели со предвидени инвестиции од два до 10 мегавати за големи и мали инвеститори.

„Единствен критериум кој што ќе биде на аукцијата е колкав премиум ќе бара компанијата. Секоја компанија ќе може да аплицира за одредена локација и при тоа сите компании кои што ќе треба да аплицираат за таа локација, а ќе ги поминат административните проверки дали ги задоволуваат основните услови ќе преминат на електронска аукција и таа електронска аукција ќе биде со поддавање“, рече Анѓушев.

Вицепремиерот кажа дека има голем интерес за изградба на фотоволтаици, а очекува премиумот да биде помал што ќе значи помал трошок за државата. Инвеститорите кои ќе ги добијат локациите ќе треба да подготват елаборат и основен проект за да добијат градежна дозвола која треба да ја добијат на нивно име.

Првите количини на струја од нив се очекува во системот да бидат пуштени следната пролет. Вицепремиерот информираше и дека со ЕВН веќе е договорена цената на приклучок на мрежа кој ќе се движи меѓу 20.000 и 30.000 евра, а ќе биде номиниран и оф тејкер, откупувач на слободна енергија, што им дава сигурност на идните инвеститори во фотоволтаици. Владата планира инвестиции од 200 мегавати во обновливи извори за енергија.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me

Loading...