Овој поранешен „пират“ ја основа својата прва фирма на само 10 години, страсен љубител е на филмови, а оваа година доаѓа на НЕМ во Дубровник за да раскаже како успеал да стане еден од најсупешните претприемачи и иноватори во Европа. Дами и господа – Араш Пендари.

Роден во Иран, но пораснал во Шведска, Араш Пендари е сопственик на компанијата „Вионлабс“, којашто им го подобрува корисничкото искуство на сите љубители на филмот и телевизијата. Неговата фирма ги собира сите филмски, телевизиски и ВОД содржини и им овозможува на корисниците да бидат изложени на содржините кои ги интересираат. И тоа благодарение на посебна технологија.

Забавата како важен сегмент во нашите животи

На НЕМ 2018, којшто ќе се одржи од 11 до 14 јуни во Дуброник, Пендари ќе има презентација наречена „Математиката и уметноста“, со која ќе нѐ упати во развојот на вештачката интелигенција во филмската и ТВ индустријата, како и различните употреби на вештачката интелигенција за да се подобри корисничкото искуство, личните податоци и метаподатоците.

Во своите говори, овој млад претприемач често истакнува како неговите почетоци се темелат на голема колекција ВХС филмови, која брзо прераснала во колекција ДВД филмови.

„Јас сум стар пират“ – неретко ќе каже, некриејќи притоа дека со години работел за илегални сервиси сѐ додека не решил да сврти нова страница. Сфатил дека забавата е многу битен сегмент во нашите животи – но забележал и многу проблеми во таа индустрија. Сепак, со ентузијазам и способност да најде решенија насочени кон клиентите, во комбинација со страста кон филмовите и тв содржините, успеал своите идеи да ги преточи во реалност во 2010 година под мотото: „Заштедете време пребарувајќи, минувајте го гледајќи“.

Shpërndaj me