Една недела откако кабинетот на Претседателот Ѓорѓе Иванов потврди дека до нив се пристигнати барања за помилувања од осудените за крвавиот 27 – ми април, нема информација како ќе постапи шефот на државата.

Иако Алсат испрати прашања, од вилата на Водно нема одговор дали молбите се разгледуваат и дали Иванов ќе го заврши мандатот кој трае до 11 мај со помилување на 16 – те осудени кои добија вкупно 211 години затвор за терористичко загрозување на уставниот поредок.

Адвокатите и осудените очекуваат дека Претседателот кој ги брои последните денови во вилата на Водно, ќе ги помилува.

Судењето за 27 – ми април го преполови селективната амнестија која ја донесе мнозинството во Собранието и од затвор се спасија исклучените пратеници на ВМРО – ДПМНЕ кои ги отворија вратите и ја насочуваа толпата, како и организаторите на протестите „За заедничка Македонија“.

Loading...

Shpërndaj me