Како што беше и претходно најавено, од денеска Управата за јавни приходи ќе започне да ги доставува пополнетите годишни даночни пријави за приходи остварени во 2018 година. Доставувањето ќе се прави на електронските профили коишто ги отворија даночните обврзници, а известување дека материјалот е доставен корисникот ќе добие на регистрираната е-маил адреса. Откако ќе ги провери податоците во пријавата, корисникот треба да ја потврди или да испрати корекција.  Испраќањето на пријавите УЈП треба да го спроведе најдоцна до 30 април.

Loading...

Shpërndaj me