За да се откажат од парно греење, граѓаните ќе мора да обезбедат елаборат кој ќе гарантира дека новото грејно тело во домот или деловната просторија ќе биде поекономично од градското централно греење. Оваа одредба е дел од новиот Закон за енергетска ефикасност, кој ги дефинира новите правила, а стапи на сила од денеска. Елаборатот, граѓаните ќе треба да го достават до дистрибутивниот оператор на топлинска енергија.

„Потрошувачите ќе имаат можност да се исклучат доколку новиот начин на греење, или пак на ладење, биде енергетски поефикасен, еколошки поприфатлив, односно да троши помалку примарна енергија. Исто така потрошувачите ќе треба да побараат согласност од мнозинството на граѓани кои што живеат во зградата“, рече Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Од друга страна пак, граѓаните кои ќе сакаат повторно да се вклучат на системот на парно греење ќе може веднаш да се вратат, само ќе треба за тоа да изразат желба. Од Регулаторна остануваат на барањето, во новиот Закон за градба да стои обврската новоизградениот објект доколку е во регион каде има организиран систем на парно греење, да мора да биде приклучен на системот, а не инвеститорот по сопствен избор да одредува кој енергенс ќе го користи за затоплување и ладење на просториите. Вкупниот број на домаќинства кои користат парно греење во Скопје е речиси 55 илјади.

Иле Петревски

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...