Граѓаните кои што ќе патуваат од Табановце до Гевгелија од денеска на наплатните рампи долж Коридорот 10 ќе можат да плаќаат патарина електронски. За тоа ќе им бидат потребни електронски картички кои што ќе можат да ги набават на сите наплатни рампи. Граѓаните ќе можат да ги надопополнуваат и онлајн, а ќе има и попуст од два до седум отсто во зависност од сумата која што ја надополнуваат.

Достапни се и тагови за автоматски отчитувања кои чинат 1.500 денари за транспортерите. Минималната цена за нова картичка е 100 денари и минимални 300 денари за полнење. На патарините во прво време ќе може да се плаќа и електронски, но и во готовина.

Денеска беше пуштен во употреба и новиот контролен пукнкт во Петровец каде ќе се врши мониторинг на сите наплатни станици и на сите автопатишта во земјата. Од Владата очекуваат дека до мај следната година сите патарини низ државата да имаат електронска наплата.

„Во овој момент се дистрибуирани картички на сите наплатни станици на Коридор 10, овој контролен центар и на шалтерот што го има на ЈПДП, потоа ќе следува дистрибуцуја до институции со кои ќе склучиме договори за дистрибуција на картички и тагови“, рече Зоран Китанов, директор на ЈПДП.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...