Од денеска, микро, малите и средните компани во секторите угостителство, туризам и товарен транспорт може да аплицираат за бескаматните кредити од 3.000 до 30.000 евра, што ги најави Владата.

Повикот беше објавен вчера. Поднесувањето на потребната документација, согласно владините препораки за заштита од коронавирусот, е електронски, на е-адресата: [email protected]

Средствата ќе се пласираат преку Развојната банка на Северна Македонија. За микрофирмите со максимум 10 вработени се предвидени од 3.000 до 5.000 евра, за малите со 10 – 50 вработени од 10.000 до 15.000 евра, а за средните компании со 50 – 250 вработени од 15.000 до 30.000 евра. Каматата е нула проценти, отплатата две години, а грејс периодот изнесува шест месеци.

Првата рата ќе се исплаќа по девет месеци.

Како што соопшти вчера директорот на Развојната банка, Кире Наумов, во оваа прва фаза на финансиска помош се опфатени најпогодените сектори, а целта е да ги надминат проблемите со ликвидноста.

Поддршката со бескаматни кредити ќе продолжи и ќе се прошири на другите сектори кои дополнително ќе се утврдат.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...