Од следниот месец Управата за јавни приходи на граѓаните ќе почне да им доставува годишни даночни пријави за остварените приходи во текот на ланската година. Пријавите ќе бидат пополнети, а граѓаните ќе ги добиваат електронски,  најдоцна до 30 април.

Ќе треба да ги потврдат или да ги коригираат до 31 мај годинава. УЈП подготви и брошура која треба да ги упати граѓаните како да се регистрираат на системот е – Персонален  данок e-pdd.ujp.gov.mk заради потврдување или коригирање на пополнетата годишна даночна.

Во електронскиот систем на Управата за јавни приходи регистрирани се околу 700 илјади даночни обврзници. Регистрирањето на пензионерите во системот што остваруваат приход само по основ на пензија засега е одложено.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...