Според резултатите на долгорочните истражувања спроведени од страна на научниците од Универзитетот во Калифорнија, хемикалиите пронајдени во производи за лична нега влијаат на предвремениот пубертет.

Изложеноста на парабени, феноли и фталати има одреден ефект врз девојчињата, додека кај момчињата не е забележан овој феномен.

За некои од овие хемикалии откриле дека за секое удвојување на концентрацијата измерена во урината на бремени жени, нивните ќерки во просек поминале во пубертетот една година порано, пренесува енаука.

Фталатите се користат во миризливи производи, како што се парфеми, дезодоранси и сапуни, додека парабените се конзерванси во козметиката, а фенолите се користат во сите.

Тие хемикалии допираат до рецепторите за хормони преку кожата кој е најголем орган на нашето тело, која апсорбира се што ќе дојде во допир со неа.

“Најдовме докази дека некои хемикалии кои се користат во производите за лична нега се поврзани со раниот пубертет кај девојчињата” , вели д-р Ким Харли, вонреден професор по јавно здравство на Универзитетот во Калифорнија, кој ја предводел студијата.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...