Се врти ли целиот универзум околу политичарите или пак, станува збор за недостиг на професионален бон-тон?  За односот на политичките елити кон медиумите оценка за Алсат даде аналитичарот Петар Арсовски. За последната лидерска средба меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски која траеше до три часот после полноќ, вели дека станува збор за немање на чувство за работното време на медиумите. Во случај кога нема проценка колку ќе трае средбата која партиите ја пријавиле кај медиумите, треба да има изјава или пак брифинг за текот на средбата, за новинарските екипи да можат да го „затворат“ настанот кои го очекуваат редакциите.

„Како и повеќе пати до сега во услови на криза, медиумите заглавуваат до доцните часови поради недостаток на некаква професионална куртоазија на политичарите.( 1-00 и од 1-30) Политичарите често сметаат дека нивната работа е најважната во светот и дека нивните преговори се тие што ќе ја поместат државата. Затоа често се случува да имаат однос кон медиумите дека е нормално тие да чекаат, што ќе се договорат политичките елити. Сметаат дека  времето на медиумите и не е толку важно…“, рече Петар Арсовски, Политички аналитичар.

Алсат ја праша Владата дали е возможно ваквите средби да бидат договарани во текот на работниот ден. Оттаму ни посочија дека и Заев и Мицкоски средбата ја одржале како партиски лидери.

А, Заев и Мицкоски откако на средбата „заглавија“ до раните утрински часови, а со нив и медимите, се извинија. Посочија дека имале разбирање поради тоа што медиумите ја напуштија средлбата во 2 и 30, половина час пред да заврши.

„…Жалам што завршивме накаде по три часот и не успеавме да дојдеме до договор“, рече Заев.

„…Ве молам уште еднаш примете го моето, но и извинувањето од ВМРО-ДПМНЕ за таквото однесување. Ќе се трудиме тоа во иднина да не го повториме“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Но, не е првпат медиумите да ги чекаат политичарите од лидерски средби до доцна во ноќта. Најдолгите ноќи медиумите ги преживеаја во текот на Пржинскиот договор. Една од нив почна во 17 часот попладне, а заврши во пет часот другиот ден наутро.

Весна Велкова

 

 

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...