На 5 – ти јануари, судот во Солун ќе ја соопшти одлуката дали неразделните Горан Грујевски и Никола Бошковски ќе бидат екстрадирани во Македонија. Денешното судење траеше повеќе од два часа со паузи и беше повторно затворено за јавност. Прво судот констатираше дека нема преведувач. Следуваше пауза. Дојде преведувач. Но поради проблем со официјалниот превод, судиите одлучија по Нова Година да соопштат дали двоецот обвинет за нелегалното прислушување ќе биде или нема да биде испорачан во Македонија.

Горан Грујевски и Никола Бошковски денеска во судница се пожалија дека не ја разбираат преведувачката која од грчки на бугарски требаше да им ја соопшти одлуката на судот во Солун. Сепак, истата преведувачка им преведувала кога ги уапсиле на аеродромот во Солун во обид да пребегаат во Будимпешта.

Грујевски и Бошковски иако се пожалија дека не разбираат бугарски, тие бегството во Унгарија планираа да го изведат со лажни бугарски пасоши. Грчките адвокати објаснија дека ако судот одобри екстрадиција, сепак целокупната постапка со се период на жалби може да трае и година дена. Не побарале денеска одложување за да ја чујат пресудата. Преводот бил главната пречка.

Ние имаме аргументи за целата процедура и сме со став дека целиот случај е фабрикуван. Ние до судот доставивме над 10 илјади документи кои треба да ги докажат нашите тврдења во судница. Во најмала рака мислам дека ќе го добиеме случајот, но сепак ова е само очекување и не сакам да вршам притисок врз грчките судии кои треба да донесат одлука“, изјави адвокатот Констатин Хаџијану.

Судот во Солун неделава два пати одлучи да го одложи соопштувањето дали Грујевски и Бошковски ќе бидат екстрадирани или не. Тие се обвинети во случајот на СЈО, „Тврдина“ и „Таргет“ и се клучот преку кој обвнителството треба да докаже кој во Македонија со години нелегално прислушувал.

Бојан Стојановски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...