Носењето на Законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши и иднината на СЈО го одложи денешното судење за случајот „Талир“. Тој се однесува на сомневањата за незаконско финансирање на ВМРО – ДПМНЕ.

Адвокатот на партијата Дончо Наков инсистираше денеска рочиште да нема повикувајќи се на актуелните преговори за судбината на СЈО и надлежноста дали Катица Јанева можела да поднесува обвиненија по 30 јуни 2017 година.

Друга поента на одбраната да нема судење беше автентичното толкување на членот 22 од законот за СЈО кој државниот обвинител го побара од Собранието, кое веќе побарало мислење и од Владата за членот кој ја регулира надлежноста на СЈО. Во овој случај обвинети се бегалецот Никола Груевски, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, Илија Димовски и Леко Ристовски. Последно обвинетата Елизабета Чингаровска призна вина и доби условна затворска казна од две години.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...