Предметот на СЈО „Талир“ е одложен за 16 мај, поради отсуството на овластените претставници на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев и Наум Стоилковски. Одбраната на партијата тврди дека поради претседателската кампања и обврските околу неа претставниците на партијата не можеле да присуствуваат на ова рочиште.

Во овој случај, меѓу другите, обвинети се и екс-премиерот Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“. Со обвинението за истото дело, како правен субјект опфатена е и партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Loading...

Shpërndaj me