И денеска пратениците ја одложија расправата која беше закажана во ресорната комисија за Предлог законот за игри на среќа. Веќе неколку дена по ред овој Предлог закон се одлага поради немање кворум за работа. Ова за Алсат го потврди претседателката на Комисијата за финансирање и буџет од редовите на ВМРО ДПМНЕ Лилјана Кузмановска.  Предлогот на пратениците на ДУИ е Законот да овозможува објектите кои нудат игри на среќа да бидат дислоцирани од населените места на оддалеченост од најмалку од три километри.

Од здружението на спортски обложувалници сметаат дека на тој начин ќе се стави крај на оваа индустрија и над седум илјади вработени ќе останат без работа. А од здружението кое се залага против коцкање најавија дека доколку не биде усвоен Законот, до недела ќе пристапат кон граѓанска непослушност и блокирање на улици.

„Сакаме да им дадеме до знаење дека тие на таа функција не паднале од небо, туку се избрани од гласот на народот. Затоа, тие треба да бидат принудени да донесат Закон кој ќе ја штити благосостојбата на населението и да го бранат гласот кој ги донесе таму каде што се“, рече Џемал Абдиу, Движење „Антикоцкање“.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...