Одморите се во тек, сонцето зема се погoлем замав, а вие размислувате дали со вашето малечко треба да одите на одмор во најтоплиот летен месец.

Ако сте со деца, препораката е дa се оди во јуни и септември, но ако пак ваквиот одмор морате да го земете сега, во тој случај, не се мислете, пакувајте се и тргнете.

Но, тргнете подготвени со соодветна заштита од сонце за децата.

Ако имате бебе помало од 6 месеци, облечете го во лесна памучна облека. Не барајте костими за капење бидејќи и онака нема да ви бидат од корист со бебе. Обавезно шише со вода до вас, а доколку го доите, гледајте тоа да биде пофреквентно додека сте на плажа.Креми со највисок заштитен фактор и изложување на сонце од 10 до 18 часот.

Заштитата за поголемките дечиња исто така треба да биде на високо ниво, со соодветна облека, капа и креми со заштитен фактор.

Секогаш гледајте да ги изложувате на сонце најминимално што можете, а ако пак немате можност да се вратите во собата каде што престојувате, тогаш одберете место со природна ладовина.

Исхраната кај малите деца потребно е да биде иста во текот на летниот одмор. Тешко е да се одржи истиот ритм како дома, но потрудете се тоа да биде до некоја мера во исти граници.

Околу „аптеката“ што треба да ја понесете со вас, секогаш имајте сирупи за температура, алергија, прашок за растворање кој е против дијареа и повраќање, стерилни гази, бетадин и хидроген.

И не заборавајте да извадите туристичко осигурување, за ситуации надвор од вашите можности.

Извор: hybread.mk

Shpërndaj me