Климатските промени и ниските пролетни температури и на лето доведуваат до намалување на резултатите во пчеларството. Одгледувачите се загрижени и за масовното изумирање на пчелите поради ниските температури и намалувањето на количините мед.

Од Факултетот за земјоделски науки и храна велат дека последните години, производството на мед претрпе пад од три пати односно од 1.600 до 1.700 тони мед колку имало во ‘90-те, од 2017 досега таа количина изнесува само 340 до 350 тони годишно.

На пчеларство исто така му се заканува и лажното производство не мед кое се заснова на шеќер. Од Здружението „Матица“ велат дека овој вид на мед сè повеќе се забележува низ маркетите, па затоа препорачуваат граѓаните да купуваат мед од пчелари кои ги познаваат.

Инаку, добриот мед може да се препознае по вкусот и бојата, но сепак е тешко да се разликува од оној кој е добиен со прихранување на пчелите со шеќер. Моментално, во Македонија постојат околу 7.000 регистрирани пчелари и меѓу 230 и 240 илјади кошнички.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...