На одбележувањето на денот на пожарникарите, командантот на противпожарната бригада на Град Скопје побара да им се обезбедат подобри услови бидејќи ги ставаат во опасност своите животи.

И покрај старата механизација и недостигот на  опрема, пожарникарите успеале во првите три месеци од годинава успешно да спроведат 801 интервенција, 31 техничка и 25 безбеднсни интервенции. Градоначалникот Петре Шилегов вети дека до крајот на јуни бригадата ќе се снабди со 4 нови возила за што се планирани околу 2 милиони евра. Но, овие возила беа ветени и минатата година, но потоа приоритет доби личната заштитна опрема на пожарникарите. За барањето за повисоки плати, Шилегов рече дека ќе биде потребно повеќе време.

Градоначалникот минатата година вети дека ќе се вработуваат 50 нови пожарникари, но досега има само 19. Според него, бројот до 50 не бил достигнат поради тоа што не биле обезбедени блок дотации. Годинава, тврди тој, повеќе не постои таква пречка. Меѓу 19-тте нововработени, 11 се Албанци, а на бригадата ù се придружи и една жена. Билјана Денчовска која до пред 5 месеци беше единствената жена пожарникарка во Македонија, вели дека без оглед на тешката професија, тоа не ù пречи успешно да ја извршува својата работа.

Оваа година на одбележувањето на денот на пожарникарите беше евидентно дека новопоставената табла е само на македонски, а не и на албански јазик, како што предвидува законот. На албански беше испишана само таблата на влезот на објектот, но содржеше многу јазични грешки.

Еви Шкопи

Loading...

Shpërndaj me

Loading...