Тоше Илиев има оштетување на видот. Објаснува дека животот на лицата како него, во оваа ситуација, е теок зашто зависат од нечија помош. Според Тоше, институциите недоволно се вклучени во олеснувањето на состојбата за лицата со оштетен вид.

Директорот на Сојузот на слепи лица вели дека секојдневно се соочуваат со бројни бариери. Го повторува барањето за изградба на Центар за рехабилитација и дом за слепи лица кои се без семејство.

Од надлешното министерство за труд и социјална политика уверуваат дека ситуацијата ќе се подобри.

Офталмологот Беким Татеши ги објаснува причините за нарушување на видот – меѓу нив е и употребата на телефони, таблети, како и зраечњето од компјутерските монитори.

Не постои родител кој не е заинтересиран да му се покаже колку часови децата треба да останат пред компјутерите, таблетите. Кога ја започнав мојата кариера, децата доаѓаа предоцна за првиот преглед на очите, но од неодамна родителите стануваат посвесни за здравјето на детето во раната возраст“, рече офталмологот Тетеши.

Најчестите очни заболувања се катаракта, глауком.. Според последните податоци на Светската здравствена организација, 300-500 милиони луѓе ширум светот имаат ослабен вид, додека 5 милиони се целосно слепи.

Валмира Зендели

Loading...

Shpërndaj me