Џон Москита влезе во Гинисовата книга на рекорди како човекот кој зборува најбрзо на светот. Тој овој епитет го добил откако неверојатно брзо ја читал книгата Хамлет. Неговиот талент во брзо зборување го открил продуцентот со кого Москита се сретнал во агенција каде тој му понудил да биде дел од една емисија. Од тогаш, Москита заработува со брзо зборување низ разни телевизиски или радио емисии. Тој може да каже повеќе од 11 зборови во секунда.

„Кога зборувам во телевизија, зборувам побрзо, додека на радио побавно односно 7 до 8 зборови во секунда бидејќи слушателите не ги следат движењата на устата и потешко е за нив да ме сфатат. Ако не ме разбираат луѓето додека зборувам, не ме плаќаат за мојот настап“, вели Москита.

Џон веќе 40 години го држи епитетот на „човек со најбрзо зборување на светот“.

Вјолца Алити

Shpërndaj me

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com