Хуманоиден робот кој може за 60 секунди да се трансформира во автомобил е претставен во Јапонија.

Роботот РАЈД го направил Кенџи Ишида, директор во компанијата Брејв роботикс.

“Пораснав верувајќи дека роботите треба да бидат способни да прават вакви нешта и тоа стана моја мотивација да развијам ваков робот”, вели Ишида.

Сино-белиот робот висок 3,7 метри може да пренесува два патника кога е трансформиран во автомобил.

Shpërndaj me