Младенчињата од пајак јадат разновидна храна, некои се хранат со мали инсекти, некои со полен, а едно неодамнешно истражување покажа дека постојат пајаци чии младенчиња не јадат додека не израснат во способни за да ловат.

Toxeus magnus, е вид на пајак кој живее во југо-источна Азија. Младенчето од овој вид достигнуваат половина од големината на возрасен пајак во првите 20 дена, но ни младите, а ни мајките не излегуваат од гнездото за да собираат храна.

“Не можевме да сфатиме како можат да продолжат да растат без храна, се додека една ноќ не забележав бебе од овој вид како се врзува за стомакот на својата мајка. Дојдов до сознание дека овој вид се храни со нешто што неговата мајка го произведува”, вели Занки Чен од Кинеската академија на науките.

Така Чен и неговите колеги поставиле една мајка од овој вид под микроскоп и нежно ја притиснале за абдоменот. Се појавиле неколку капки кремаста бела течност, нешто што наликува на колострално млеко на цицач. Анализата покажала дека млечната течност содржи масти и околу 4 пати повеќе протеини од кравјото млеко.

Кога тимот физички ја спречил мајката да излачува хранлива течност, малите пајачиња починале во рок од 10 дена. Тоа значи дека млекото е неопходно за опстанок на новороденчињата од овој вид на пајаци.

Додека младенчињата не наполнат 40 дена старост, почнувајќи од дваесеттиот ден тие се хранат со мешавина од млеко и мали инсекти.

Чен вели дека не е јасно како пајаците воопшто ја произведуваат оваа течност. Тој се сомнева дека истата настанува од неоплодени јајце-клетки кои мајката ги рециклира. Веќе е познато дека некои безрбетници ги хранат своите младенчиња на ист начин.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...