“Oна што си го кажуваш себеси може да има големо влијание на самодовербата. Дали ќе ја имаш или ќе ја немаш, зависи од тоа дали она што си го кажуваш себеси е позитивно или негативно.” Unknown

Постојат многу начини за секој од нас да се чувствува посамоуверено и никогаш не треба да ја занемариме личноста со која разговарате најчесто – вие самите.

Со самоуверени, позитивни мисли помала е веројатноста дека ќе се чувствувате незадоволно, дека ќе повредите или навредите некого со изговорените зборови, бидејќи она што си го кажуваме себеси, во голема мера влијае и како разговараме со другите луѓе.

Иако ниедна личност не е постојано самоуверена и секој од нас се чувствувал потиштено и незадоволно од себеси (и тоа е сосема во ред), најважно е секој ден да се обидуваме да бидеме повеќе самоуверени, храбри и позитивни индивидуи.

5те нешта кои самоуверените личности никогаш не ги изговараат се…

1. “ИЗВИНИ…” (Кога не е ваша вина)
Ако сте биле во близина на личност која нема многу висока самодоверба, сигурно сте забележале дека често се извинува за нешто што реално не е нејзина вина. Тоа укажува на недоволно ценење на сопствените вредности, а луѓето знаат да го злоупотребат тоа во иднина. Користењето на оваа фаза може да значи и дека личноста е пред се самокритична, што не е воопшто лоша особина, но сепак пред да го изговорите тоа “извини”, размислете добро дали навистина сте погрешиле.

2. “Види, тоа што всушност се случи беше…”
Почеток на реченица која секогаш завршува и звучи како оправдување и индиректно признавање на одредена вина. Бидете директни и наместо да звучите потчинето и како да криете нешто, објаснете ја ситуацијата со сигурност и самодоверба.

3. “Тоа е нивна вина…”
Фраза што секогаш, апсолутно секогаш звучи кукавечки и неодговорно. Дури и кога навистина се случило нешто што е нечија друга вина, самоуверените луѓе не ја пренесуваат вината на некој друг. Наместо тоа, ја објаснуваат ситуацијата.

4. “Не сакам да се чувствувам така…”
Буквално секој од нас некогаш се почувствувал безнадежно, бескорисно и слабо. Сепак, самоуверените луѓе внимаваат на она што си го кажуваат себеси. Доколку не им се допаѓа како се чувствуваат, реагираат и ја менуваат ситуацијата. Си ги насочуваат мислите во позитивен правец и се обудуваат да го променат тоа што предизвикало да се чувствуваат така.

5. “Не можам…”
Доколку самоуверената личност се соочи со нешто ново и непознато или направи одредена грешка, прво ќе даде се од себе и ќе се обиде пред да крене раце и да се откаже. Доколку навистина пред неа се наоѓа предизвик за кој е свесна дека е поголем од нејзините способности, самоуверената личност објаснува ситуацијата дури и ако при тоа го повредува сопственото его или разочарува некоја друга личност.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...