Куќата е засолниште на секој, но во случај на земјотрес покривот над глава може да стане убиец доколку објектот не е изграден според стандардите. Овие дилеми се отворија по фаталниот земјотрес во Албанија. Освен Скопје, во зоните со висока сеизмичка опасност се и други градови во земјава, за кои експертите велат дека има  објекти кои не се градени по сите стандарди. Според Законот за градба секој објект над 300 метри квадратни мора да добие согласност од Институтот за земјотресно инженерство и сеизмолошко инженерство. Но, според инженерот Хамди Сулејмани, во Тетово немаа сите големи објекти побарано согласност од овој Институт.

„Објекти на кои има најмногу оштетувања се токму такви објекти, бидејќи се градат по желба на инвеститорот. Со или без железо, со или без бетон, со евтин или неквалитетен материјал. Така страдаат луѓето и никој не понесува одговорност, освен градоначалникот или Советот кој ги легализирал тие објекти. Тоа е голем број, да речам над 70% навистина е неверојатно“-изјави Хамди Сулејмани, градежен инженер.

Од Општина Тетово велат дека не легализирале ниеден објект без согласност на Сеизмолошкиот институт. А од Општина Куманово велат дека доколку објектот претпре оштетувања од земјотрес како последица на слабата градба, целосната одговорност паѓа врз инвеститорот на објектот и инженерот на градбата.

„Барањето за градба освен сите други документи треба да има и уверение од Институтот за земјотресно инженерство и сеизмолошко инженерство дека објектот е издржлив во однос на одредени магнитуди на земјотреси и обезбедил  системот за евакуација. Доколку ова не биде почитувано според проектот, одговорни се инвеститорите и инженерите“-изјавиа од Канцеларија за урбанизам од Општина Куманово.

 Државниот градежен и урбанистички инспектор како и општинските градежни инспектори можат да изречат казни до 17 илјади евра за прекршок доколку при градењето на објектите не се почитуваат правилата на градење, а можат да поднесат и кривична пријава за која може да се добие казна затвор од 1-5 години, доколку надлежните не поседуваат уверение дека објектот е отпорен на земјотреси.

 Градот Охрид колку што е убав толку е и сигурен велат од Општината, бидејќи градбите во последните 15 години се правени под строги мерки на контрола. Но, ова не важи за диво изградените објекти и нелегалните надградби.

 Од Институтот за земјотресно инженерство и сеизмолошко инженерство велат дека до 7 степени според рихтер  е издржливоста на објектите на фабриките од А категорија и на станбените објекти од Б категорија. Според овој Институт, доколку се случат земјотреси со епицентар во нашата земја, со над 7 степени и времетраењетп на потресите е над 30 секунди, тогаш се останува на милост на судбината.

Аднан Ќаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...