Необичната птица која крие неверојатна генетска тајна е откриена во Пенсилванија. Тоа е птица која е хибрид од три други видови на птици. Нејзината мајка е хибрид од два вида, а нејзиниот татко е од потполно друг вид, пренесува енаука.мк

“Оваа птица е исклучително ретка. Женката, која е нејзина мајка е припадник на фамилијата Phylloscopus trochulus, додека таткото е Chestnut-sided warbler”, вели орнитологот David Toews од Лабораторијата за орнитологија при Универзитетот Корнел.

Хибрид птиците сепак не се невообичаена појава. Phylloscopus trochulus е познат од 1874 година, а добро е познато и дека хибридизацијата може да ни донесе нови видови, но досега ние имаме видено хибрид од само две. Овој вид е фасцинантен бидејќи е хибрид од три вида, но и податок кој вели дека бројот на оригиналниот вид во регионот Appalachia е во опаѓање.

За прв пат оваа птица е забележана во мај 2018 година од страна на набљудувачот на птици Lowell Burket. Откако направил видео од птицата, забележал дека нејзината боја е својствена за видот Vermivora chrysoptera во комбинација со Vermivora cyanoptera, додека пак пеењето наликува на Setophaga pensylvanica.

Своето откритие Burket го доставил до веб-страната eBird, каде пристап имаат научници од Лабораторијата при Универзитетот Корнел.

Научниците ги проучиле гените кои ја кодираат обоеноста и тоа го искористиле за подобро да разберат како би можела да изгледа мајката на одредена птица. Ова е прв пат да е забележана ваква комбинација, но најверојатно и нема да биде последна бидејќи популацијата на оригиналниот вид во оваа област е значително намалена.

Не е познато дали овој вид на хибрид ќе може да се размножува, но на крајот, неговата мајка и самата е хибрид.

Овој научен труд е објавен во списанието Biology Letters.

Извор: енаука.мк

Loading...

Shpërndaj me