570 милиони евра е вкупната инвестиција која ќе треба да ја вложи приватниот партнер за изградба на децениската хидроцентрала „Чебрен“. По моделот јавно-приватно партнерство, Владата го објави јавниот повик кој ќе трае до 3 април годинaва.АД ЕСМ ќе биде јавниот партнер во име на држвата, кој ќе треба да го изгради пристапниот пат до електраната, приклучокот до мрежата, како и хидроелектраната „Тиквеш“. Од Владата се оптимисти дека по големиот број неуспешни обиди овој пат Чебрен ќе биде изграден.

„Сигурни сме дека можеме да го спроведеме и дека државата има политичка волја но и стручна и секаква подготвеност за овој инфрастуктурен проект да се изгради. Хидроцентралата ќе има идникативна инсталирана моќ од 333 мегавати и годишно производтво од 1000 гигават часови електричка енергија,за споредба цело ЕСМ денес произведува 4000 гигават часови енергија годишно“, рече Васко Ковачевски- Директор на ЕСМ.

Изградбата на хидроцентралата Чебрен е бескрајна приказна која трае повеќе од 50 години, и е ветување на секоја Влада дека ќе биде изградена. Само во последните 15 години пропаднаа дури 13 тендерски постапки за изградба на овој проект. Главните пречки беа непрецизни услови и нецелосна подготвеност на институциите.

Најголем проблем беше времетраењето на концесијата од 50 година, за кој странските инвеститори сметаа дека е краток период. Во овој обид за конечно да започне изградбата на хидроцентралата Чебрен концесијата е зголемена на 60 години и од  Владата велат дека е сосема доволно.

Андреа Чобанова

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...