За вториот дел од автопатот Скопје – Блаце Европската унија ќе издвои 26,7 милиони евра. Според вицепремиерот Бујар Османи, 20% од неповратните средства се обезбедени од инвестициската рамка за Западен Балкан. Другите средства за вториот сегмент од 10,5 километри ќе бидат позајмени од Европската банка за обнова и развој.

“Тие ќе потврдат во петок кога ќе бидеме таму во Полска дека 26,7 милиони евра како неповратни грантови од оваа рамка ќе бидат посветени за Северна Македонија за изградбата на овој проект. Ова во голема мера ќе ни помогне да ја заокружиме целокупната финансиска структура. Сега тоа испаѓа како важно кофинансирање, речиси 20 отсто од фондот, а остатокот ќе бидат заеми од ЕБРД“, рече Османи.

За 12,5 километри од автопатот Скопје-Блаце што ќе чини 120 милиони евра, од државниот буџет првично ќе бидат одвоени само 4,2%. Според Османи, тие 5 милиони евра се за првиот дел од автопатот, односно за само 2 километри, за кој тој вети дека следната недела се очекува да биде објавен тендерот. Иако беше најавено на пролет, првиот сегмент кој ја поврзува земјава со Косово се очекува да почне со работа во текот на есента и според проектот работите ќе траат 18 месеци.

Од Министерството за транспорт се правдаа дека тендерот не бил објавен во февруари поради пречки во економската зона кај Визбегово и гробиштата кои се наоѓаат покрај патот. Вториот дел од Скопје се очекува да започне со изградба следната година и тој ќе трае околу 36 месеци.

Новиот автопат кој ќе има четири тунели и осум мостови се очекува да биде пуштен во употреба во 2023 година. Во меѓувреме, Косово од другата страна на границата сè до Приштина за помалку од пет години го изгради автопатот Арбен Џафери во должина од 55 километри по цена од 600 милиони евра.

Аднан Ќаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...