Јавното обвинителство ги прифати предметите на СЈО и ќе ги прераспредели до надлежните јавни обвинтелства, дознава Алсат. Во СЈО ја чекаат официјално одлуката на Јавното обвинителство на Љубомир Јовески, за да почнат да ги пакуваат во куфери предметите и истрагите произлезени од „бомбите“. Од СЈО велат дека предметите не можат да застарат, освен оние предмети со кратки рокови, што истекувале и кај нив.

Не се исклучува можноста дел од предметите наместо од обвинители на СЈО, да бидат водени од обвинителите на редовното Обвинителство. За обвинителката Фатиме Фетаи, во моментов најважно е криминалците да одговараат пред правдата.

„Таа одлука би била подобра од било кое друго решение кое што го посакуваат одредени политичари во моментов, а тоа е преку вешто искористување на одредени правни празнини и злоупотреба на нивната политичка моќ да дојдат до решение кое што ќе значи целосно или делумчно одегнување на кривичната одоговрост“, рече обвинителката Фетаи.

И додека се чека на официјалната одлука на Јавното обвинителство, премиерот Зоран Заев вели дека решението за предметите на СЈО е логично.

„Тоа што сум информиран од работните групи, тоа е и логично решение кое и во разговорите со ВМРО ДПМНЕ го имаме, но е логично решение и во сите околности. Посакуваното решение е да се постигне договор, а во самиот договор е предвидено предметите да поминат кај Државниот обвинител. Ако не се постигне договор, законот вика предметите да поминат кај Државниот обвинител. Ако се посигне договор и ако не се постигне, правото е опишано во законот за Спрецијлното јавно обвинителство“, рече Заев.

Заев вели дека никој нема контакти со Катица Јанева. А, генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев се огласи на фејсбук. Напиша  дека со тоа што шефицата на СЈО Јанева е во притвор, правата и биле суспендирани.

Игор Јанушев, ВМРО ДПМНЕ:

Ајде тогаш да видиме што вика член 6 став 5 од Законот за СЈО!

„Јавниот обвинител на Република Македонија или друг јавен обвинител не може да презема истраги и гонење по предмети кои спаѓаат во надлежност на јавниот обвинител (на СЈО) без негова/нејзина писмена согласност.“

Тоа што Катица Јанева е во притвор и правата, односно надлежностите кои што ги има како Јавен обвинител и се суспендирани (или евентуално во мирување), тоа нема никаква врска?

Мандатот на СЈО истекува на 15 септември.

Весна Велкова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...