Обвинувањата на Алијанса за Албанците за дискриминација на албанските кадри во СВР Тетово, според заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, се неосновани. Тврди дека нивната цел е партијата да добие политички поени. Според Нухиу, Албанците се застапени со околу 70% на раководни позиции низ разни сектори на МВР во овој регион.

„Сакам да соопштам за широката јавност дека ако ја го земеме како основа критериумот за територијална организација во рамките на СВР, тогаш околу 70% од станиците односно полициските оддели, ги раководат Албанци“, изјави Агим Нухиу- заменик-министер за внатрешни работи.

Shpërndaj me