Невладините организации бараат институциите во земјата сериозно да пристапат кон францускиот „нон-пејпер“ и да се зборува отворено. Тие бараат Владата да вклучи повеќе невалдини организации  во потрагата по подобри опции за  земјите аспиранти.

Звест од Институтот за истражување Холандија вели дека ќе има вжештена дебата во рамките на ЕУ за францускиот документ  наредните месеци и дека ќе биде тешко да се постигне консензус пред април.

“Во Холандија и верувам и во другите земји-членки, се обновува тензијата околу процесот на проширување и креаторите на политиките се обидоа да најдат начини да го подобрат процесот и да ја придвижат посветеноста кон регионот. Сега имаме шанса да дејствуваме, а пред новите избори во Северна Македонија во април, ЕУ мора да излезе со реформиран процес”.

Себастијан Грикурт од Фондацијата „Жон Журес“ во Франција вели дека невладините организации имаат капацитет да учествуваат во подготвување на стратегија за подобрување на „нон-пејперот“.

“Силно верувам дека треба да играте важна улога во Западниот Балкан, заедно со владите и шефови на државите, да седнете заедно и да размислите што да направите со тоа, каков предлог да им дадете на Европската комисија и земјите членки”.

Претставниците на македонскиот невладин сектор велат дека по недобивање на датум во октомври, кај оние кои се занимаваат со процесот за евроинтеграција паднал оптимизмот.

Мефаил Исмаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...