Необичен спектакл што заслужува почит. Овие снимки доаѓаат од Киргистан, а регистрирани се за време на отворањето на Светското номадско првенство. Пријавени се тимови од 66 земји, кои ќе се натпреваруваат во 16 дисциплини. Употреба на лак и стрела, средновековен стил на борење и техники на јавање се само дел од спектаклот што се предвидува да трае цели шест денови.

„Номадската цивилизација на овие постори има историја од неколку илјади години. Денес, наша задача е да се навратиме и да се потсетиме на нашето древно минато и на почетоците на нашата културна историја. Номадите од овие региони секогаш имале доблест да градат пријателства и меѓу народите и да ги почитуваат различностите меѓу културите“, изјави Соронбеј Јенбеков, претседател на Киргистан.

А, дека манифестацијата навистина е достојна за публицитет, сведочи и фактот што на неа се присутни и претседателот на Турција, Реџет Таип Ердоган, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан и претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев.

Петар Блажевски

Shpërndaj me

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com